Бочварски за висококатниците: Ние сме само една од алките при носење на урбанистички планови, одлуката е на општина Центар

од Nikola Popovski
277 прегледи

„ДУП се во сопственост на општините. ГУП се во сопственот на градовите. Во ниту еден случај овде не се спомнува Министерството за транспорт и врски. Ние сме само една од алките при носење на урбанистички планови за кои што дадовме согласност за одреден урбанистички план“, вели министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во емисијата „Жешко политичко лето“, за превидените висококатници спроти хотелот „Холидеј ин“.

Според него, тие како министерство дополнително дале можност со новиот закој да се воведе можност за да некоја општина побара суспензија на дел од план или цел, таму каде што е нарушен јавниот интерес.

„Од општина Центар добивме голем број на урбанистички планови кои што побаравме да бидат суспендирани и ние формиравме стручна комисија. Одлуката на крајот е во општината“, истакна Бочварски.

Слични содржини