Законот за дивоградби за којшто вршиме консултации низ транспарентна постапка. Ја помина процедурата на ЕНЕР, се дадоа одредени забелешки кои наредните денови ќе бидат разгледани во Министертсвото по што законот ќе го доставиме до Владата и кога ќе го имаме конечниот текст, ќе го доставиме и до Собранието, изјави денеска министерот Благој Бочварски.
Тој посочи дека предлог-текстот имаат забелешки доставени граѓани и граѓански здруженија, а во делот на законот кој се однесува на заштитетните подрачја рече дека внимателно постапуваат.
–Во делот на заштитените подрачја имаме уште внимателен пристап со што верувам дека после донесувањето на конечната драфт верзија која ќе оди во Собрание, ќе имаме можност да ја информираме јавноста за конечниот текст, рече Бочварски.