Бочварски: Законот за легализација на дивоградби не е последен голем проект на Заев

од Nikola Popovski

Направивме голем обрач со кој затегнавме кои објекти можат да се легализираат, а кои ќе бидат изземени. Не значи дека ако некој бесправно градел во зони за ГУП, за индивидуално вдомување и да изградил фабрика или индустриски објект, дека тој ќе биде легализиран. Тој воопшто нема да биде предмет на легализација, информира министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, објаснувајќи го Предлог-законот на Владата за легализација на дивоградбите.

Бочварски е категоричен дека ова не е последниот голем проект на сега веќе поранешниот премиер Зоран Заев.

-Ова е само еден начин на решавање на големи проблеми на граѓаните. Со законов, дивоградбите ги впишуваме во Катастарот и им даваме рамноправна позиција со останатите. Законот е наменет за решавање на прашање на веќе постоечки изградени објекти, кои не ги третира Законот за градење, вели Бочварски во емисијата „360“.

Слични содржини