Бочварски: Започнуваме со изградба на браната Отиња, проект од кој ВМРО ДПМНЕ се плашеше и бегаше

од Vladimir Zorba
218 прегледи

„Браната на реката Отиња е комплексен проект, со многу фази, со постапки кои мора да се спроведат. Многу од градоначалниците имале желба да ја изградат оваа брана, но никој не се решил да започне со инвестиција. Но, и по цена да се потроши цел мандат на еден градоначалник, во координација со други институции, се исплати овој проект. Сега веќе сме дојдени до еден проект, а летото добивме одобрение за градба, распишан е тендер за изградба, имаме пет заинтересирани фирми кои поднеле документи, во моментов вршиме евалуација и очекувам дека во јануари ќе започне и реалната изведба на терен.“- пренесе министерот за транспорт и врски, Благојчо Бочварски во интервјуто на социјалните мрежи.

Дополни дека браната е од големо значење за градот, но дека Владата на СДСМ и локалната самоуправа покажале интерес, храброст и знаење за конечно некој да го реализира деценискиот сон на штипјани.

„Таа брана е многу блиску до градот и затоа има големо значење. Преку оваа брана ќе има и улица за поврзување на две зони од градот, ќе има улога во поплавите, летните температури ќе бидат пониски… Енергетска ефикасност ќе обезбедиме со тоа што ќе има хидроцентрала на браната. Значи она што го зацртавме во 2017 година, еве кон крајот на 2020 година започнува со реализација. Нашите политички опоненти ниту имаа храброст да го ветат, ниту да се обидат нешто да направат, едноставно само го избегнуваа, но ние собравме храброст, покажавме знаење дека можеме. Важни се овие избори за граѓаните на Штип, да излезат да гласаат, да придонесат кон подобрување на животот во својата општина, да му дадеме полн легитимитет на градоначалникот Николов и да имаме функционален град.“- ги повика Бочварски гласачите во Штип да излезат на локалните избори и да не се плашат за здравјето затоа што целиот процес ќе се одвива согласно здравствените протоколи.

Слични содржини