Богдановиќ: Аман за аман преземете нешто, општината сама не може да се бори

од Берта Китинска
164 прегледи

Градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ на денешната прес-конференција од претседателката Билјана Ивановска од Антикорупциска комисија, побара помош за спроведување на предмети поврзани со донесување на деталните планови, за кои општината има почнато постапки, но со години никој не постапува по нив.

-Ако се докажеме дека сме во право со сите дејства кои се превземени и дека никој друг не мрдна да направи нешто тогаш многу работи ќе се смента. Ако сите институции и судски органи си ја вршат работата за која земаат плата, многу работи ќе беа поинакви и немаше да се реализираат планови кои се спротивни на Генералниот урбанистички план,Јас се соочив со кривична одговорност бидејќи донесов мораториум двапати досега по одлуката на Уставен суд. Еве сега јавно застанува и кажувам – аман за аман преземете нешто. Значи имаме неусогласен план, ама ако некој не ги фати за гуша тие што го направиле и одобриле планот џабе расправаме сега, вели Богдановиќ.

Тој напомена дека комората на архитекти се уште го немаат  дадно тарифник за планови. Богдановиќ вели дека по укинувањето на мораториумот нема начин како да се стопира градење бидејќи законот вели дека додека не се донесе нов план, на сила е стариот и по него мора да се постапува.

Слични содржини