Богдановиќ: Антиќ ми помогна да ја одберам Атланта

од Nikola Popovski

Новиот кошаркар на Атланта, Богдан Богдановиќ ја одржа првата прес-конференција како играч на популарните „Хоукс“, на која зборувал за трансферот од Сакраменто, но и за тоа кој се му се јавил, за да му честита за преселбата во главниот град на Џорџија.

Српскиот репрезентативец истакнал дека неговиот поранешен соиграч од Фенербахче и претседател на Кошарската федерација на Македонија, Перо Антиќ, го поддржал во неговата одлука и дека е еден од главните фактори што се одлучил ада ја прифати поканата на Хоукс.

„Мојот пријател Перо играше овде. Игравме заедно во Фенербахче во Турција и знам колку беше лут што мораше да ја напушти Атланта. Тој е многу возбуден што доаѓам овде и мислам дека ќе ми помогне многу“, изјавил Богдановиќ.

Според Богдановиќ, ова е совршена ситуација за него.

„Иако времето поминато во статус на слободен агент беше исто така стресно, возбудливо и малку лудо. Бидејќи Сакраменто не преземаше никакви чекори за време на паузата, помислив, добро, време е да одам. Бев многу возбуден кога слушнав за Атланта“, изјавил српскиот кошаркар.

Слични содржини