Богдановиќ: Доста беше занимавање со политика

од desk2
115 прегледи

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, кој денеска присуствуваше на бадникарската прослава во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ посака поубава 2018 година и порача дека ќе направат што е можно подобри денови за граѓаните.

„Мислам дека само треба да се фатиме за работа и луѓето да гледаат само на убави работи. Доста беше бавење со политика, ние ќе се занимаваме со нашата работа, а тоа е да направиме што е можно подобри денови за нашите граѓани“, рече Богдановиќ.

„Доста ни беше од оние немили случувања кои ги имавме во 2017 и 2016 година“, порача градоначалникот на Општина Центар./A1on