491
Во своето гостување во Клик Плус, вечерва, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ посочи дека во овие две недели, општината ќе направи се што е во нејзина моќ во однос на спорниот проект кај Холидеј Ин.
„Не е спорно да се вратат парите. Во овие две недели ќе отвориме постапки.Но, решение може да биде Министерство за транспорт и врски, кое може да потпише суспензија на елаборатот, но и ДКСК со поведување на одредени постапки. Ние не бегаме од одговорност, но притисокот треба да се пренасочи и кон другите одговорни инситуции“, посочи Богдановиќ.