Богдановиќ: Имавме минимален број на гости на нашата свадбена веселба, ги почитувавме сите протоколи

од Aleksandar Petrovski

Имавме минимален број на гости на нашата свадбена веселба, рече градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ откако денеска актуелниот министер за здравство Венко Филипче упати критики по повод свадбените веселби кои се одржаа изминатиов викенд.

-Ние само го правевеме свечениот чин во црква, кадешто максимално ги почитуваме сите протоколи, коишто ни беа кажани, од страна на црквата и луѓето коишто нормално ги прашувавме како се одвива целата организација. Имаме минимален број на гости, кум, старосват и минимален број на гости коишто ги познаваме- рече Богдановиќ за Сител телевизија.

Слични содржини