Богдановиќ испрати инспектори во три објекти во Центар

од desk2
85 прегледи

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, со усен налог испрати инспекција на три објекти: на приватен објект на Кале, приватниот објект позади стара „Томче софка“ и Градска куќа со хотелскиот комплекс, која порано беше во сопственост на грчкиот бизнисмен Димитрис Кондаминас.

„Инспекторите испитуваат дали сопствениците на објектот на Кале имаат одобрение за градба и неопходна документација. Кај објектот позади стара ‘Томче софка’, не е истакната задолжителната табла со податоци за инвеститор и одобрение за градење, што е спротивно на законот“, соопшти општината.

Од сопственикот и од инвеститорот на Градска куќа со хотелскиот комплекс, која е дел од проектот „Скопје 2014“, пак, побарана е целосната документација.

Од општината наведуваат дека инспекторите врз основа на констатираната фактичка состојба ќе изготват решенија за натамошните постапки./Макфакс