Кандидатот на СДСМ за градоначалник на општина Центар, Саша Богдановиќ најави крај на урбаната мафија и носење на плановите заедно со граѓаните.

– Со моето доаѓање за градоначалник на општина Центар најавувам крај на урбаната мафија и на урбаното дивеење. Најпрво ќе извршиме ревизија на сите ДУП-ви кои тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ ги носеше тајно во раните утрински часови, истакна Богдановиќ.
Посочи дека сите планови ќе ги објават јавно и ќе стават мораториум за градба се до носење на планови според неопходните стандарди.
– Заедно со вас граѓани на Центар ќе ги изготвуваме урбанистичките решенија, бидејќи тие треба да се во ваш интерес, а не во интерес на некои моќници. Ќе ја прекинеме практиката во секој нареден детален урбанистички план за Центар, без претходна анализа и попис на населението, да се зголемува дозволената висина на објектите. Ќе забранам градежни активности во месеците кога се зголемува нивото на загадување, рече Богдановиќ.
Додаде дека во Центар приоритет ќе бидат граѓаните и хуманото живеење.