Богдановиќ: Комисијата сугерираше кај Холидеј Ин да има детска градинка

288 прегледи

Во своето гостување во „Топ тема“, градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ го образложи ДУП-от и процедурата во однос на правните механизми, но и појасни дали на просторот кај Холидеј Ин ќе има и детска градинка сместена во подрумот.

„ДУП подразбира работа на низа експерти и лица кои се засегнати од сето ова. За конкретниот план, единствен механизам ни беше да го раскинеме договорот по трипати опоменувањето на планерот. Ревидирањето на планот подразбира давање на насоки, и откако ќе се стигне до одредено ниво, се доаѓа до судири со планерот. Во изминативе години не се појави реакција за тоа што е спорно. На таков простор, комисијата ни сугерираше дека мора да има детска градинка. Дилемата беше каде ќе биде сместена на прв, втор или трети спрат“, истакна Богдановиќ.

Слични содржини