Богдановиќ кон Котлар: Никој од оваа власт не учествувал во еден од најконтроверзните проекти во Европа

од Берта Китинска
840 прегледи

Очигледно, за проектот „Скопје 2014“ кој освен урбанистички, беше културолошки и идеолошки проект на ВМРО-ДПМНЕ, некој свесно или несвесно, Ве довел во огромна заблуда, вели градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, по изјавата на Наташа Котлар, кандидат на Глас за Македонија поддржана од ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар  дека проектот Скопје 2014 не баш проект на претходната власт, туку дека истиот бил изгласан од СДСМ.

-Најодговорно тврдам дека ниеден од претставниците на оваа власт не учествувал во донесувањето на одлуките поврзани со еден од најконтроверзните проекти не само во државата, туку и во Европа.Тука ќе издвојам само неколку податоци: Законот за урбанистичко и просторно планирање од 2005-та, во периодот од 2006-та до 2014-та година (период кога ВМРО-ДПМНЕ ја има централната власт) е менуван 10 пати, а Законот за просторно и урбанистичко планирање донесен во 2014-та година до 2016-та година е изменет 6 пати, сè со цел да удоволи на озлогласениот проект.ДУП-от Мал Ринг во период од 2006-та до 2012-та година (каде е сконцентриран најголемиот дел од „Скопје 2014) е менуван 9 пати, од кои само во 2012-та година е изменет 3 пати. Оттука, беспредметни и пред сѐ, лажни се тврдењата на професорката Котлар за кој и како го носел проектот „Скопје 2014“.Граѓаните и жителите на Центар паметат, а Вие ги потценувате. Токму затоа на локалните избори подгответе се за уште еден голем пораз на Вашите и политиките на ВМРО-ДПМНЕ, стои во рекацијата на Богдановиќ.

Слични содржини