Богдановиќ: Наместо да штитиме бизнис и лични интереси, работиме во интерес на жителите на Општина Центар (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
381 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ и вчера, по којзнае кој пат, повторно излезе со паушални и шпекулативни обвинувања за мојата работа и работата на Општина Центар во овој период, реагираше Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ на обвинувањата на опозицијата дека Општината доживеала фијаско во однос на моаториумот.

„Наместо да штитиме бизнис и лични интереси, ова општинско раководство работи во интерес на жителите на Општина Центар.

Наместо преплатени споменици, фонтани, хотели и носење ДУП-ови во 5 наутро, создаваме паркови, детски игралишта, а општината работи отчетно и транспарентно“, посочува тој во изјавата.

Слични содржини