287
„Не можам да се согласам во тој дел баш од причина што во таа Југославија сите сме живееле заедно“, вели Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ за Дневникот на ТВ Сител на прашањето да го коментира тврдењето на премиерот Зоран Заев дека Југославија била таа која што не разделувала со Бугарите.
„Имате добар дел, посебно во Македонија кои што работеле во заедничките државни компании и останале тука да живеат. Баш заради тоа ние сме се зближиле во таа Југославија како посебности кои што сме ги имале, така да во тој дел не можам да се согласам бидејќи јас како претставник на српската заедница можам да кажам дека баш таа Југоаславија не направила да бидеме блиски, односто исти на некој начин“, вели Богдановиќ.