Богдановиќ: Ние донесовме одлука со ризик, но Уставен суд пресече за Холидеј Ин

468 прегледи

Во своето гостување во 24 анализа, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ уште еднаш повтори дека во доменот на надлежностите сите мерки се преземени и употребени сите правни механизми.

„Не е невозможно да се стопира еден ваков проект и тоа го докажавме на Советот каде докажавме дека параметрите не се усогласени со ДУП-от. Но, донесовме нова одлука со ризик, каде се повикавме на начинот на спроведување на ДУП-от. Сепак двајца Охриѓани ни ја попречи постапката во Уставниот суд, и ни посочија дека не смееме да промениме и донесеме понатаму било каква одлука. Јас исто така, кажав аман да се покрене оваа работа, и сакам сите институции да си ја вршат својата обврска“, истакна Богдановиќ.

Слични содржини