Богдановиќ: Општина Центар нема право да поништува детални урбанистички планови, но може да ги замени со нови

од Nikola Popovski
208 прегледи

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ во емисијата „Топ тема“ за проектот „Мал ринг“ изјави дека тие на сила имале план кој што е донесен во 2012 година и тој е неколку пати менуван.

„Со последниот план од 2012 година, сите објекти, дел изградени, дел неизградени, веќе постојат и се на сила. Секоја измена која што сакате да ја направите во тој дел од градот и било кој дел мора да ја направите со нов детален урбанистички план. Претходниот состав на Советот на општина Центар проба да ги поништи деталните урбанистички планови и тоа го направи во 2013 година, каде што се случија оние немили настани. Уставниот суд тогаш пресуди дека општина Центар нема право да поништува детални урбанистички планови, но може да ги замени со нови. Донесовме одлука на 27-ми декември, со која што се обврзавме да нема понатамошно спроведување на деталниот урбанистички план, се додека не се усогласат со повисок акт, а тоа е генералниот урбанистички план“, рече Богдановиќ.