Градоначалникот Саша Богдановиќ заедно со колеги од Општина Центар и волонтери од невладината организација „Банка за храна”, спроведоа уште една хуманитарна акција за граѓаните од муслиманската веросиповед кои живеат во Општина Центар.
-Во пресрет на големиот верски празник Рамазан Бајрам, денес со моите колеги од Општина Центар и волонтери од невладината организација „Банка за храна“, организиравме уште една хуманитарна акција за граѓаните од муслиманската вероисповед кои живеат во населбите Крњево и Маџир Маало.Со поддршка и донација од општествено одговорни компании, поделивме 150 топли оброци храна и 50 пакети прехранбени производи за социјално ранливите семејства.Изразувам голема благодарност до сите компании и поединци кои се вклучија во оваа акција и што преку заедничка хумана мисија им овозможивме на нашите сограѓани да го прослават претстојниот празник со топол оброк во нивните домови.Да бидеме хумани и да правиме благородни дела кои градат мостови на соживот, толеранција и меѓусебна почит, напиша Богдановиќ.