Богдановиќ: Сакам да им ја честитам Новата година на сите мои сограѓани од Општина Центар но и пошироко

190 прегледи

Оваа 2020 година започна многу оптимистички, со многу идеи и планови за реализација. Продолжи со соочување со суровоста наречена КОВИД-19, со прифаќање на работите такви какви што се и со доза на неизвесност за тоа како ќе се одвиваат работите, посочи денеска градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ во своето новогодишно обраќање.

Тој во обраќањето ги спомена најзначајните проекти кои општината ги реализираше во изминатата година. Најави и нови проекти во годината која ни следи.

„Општина Центар и покрај сите потешкотии со кои се соочи за време на коронавирусот, успеа да ги реализира и започне свои планирани капитални инвестиции и проекти. Сакам да им ја честитам Новата година на сите мои сограѓани од Општина Центар но и пошироко, многу здравје и заедно да празнуваме и чествуваме одговорно и сите заедно со заеднички сили во 2021 да го победиме коронавирусот“, истакна Богдановиќ.

Градоначалникот посочи дека посетата на Дедо Мраз во Општина Центар донесе радост и ведрина кај децата и возрасните. Посака живи, здрави и среќни да сме сите во новата 2021 година

Слични содржини