Богдановиќ: Се е подготвено за безбеден старт на учебната година во општина Центар

од Nikola Popovski
Пред почетокот на учебната 2020/2021 година, Општина Центар како и сите други општини ги презема сите превентивни мерки за безбеден почеток и отворање на училиштата за учениците кои ќе посетуваат настава со физичко присуство од прво до трето одделение.
Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ објави дека со цел зголемување на безбедноста, овластена компанија извршила темелна дезинфекција во внатрешноста и на надворешните делови на училиштата.
Со дезинфекција се опфатени сите површини каде што учениците ќе имаат контакт при следење на наставата за време на нивниот училишен престој, како и просториите за вработените и помошните простории.
Досега целосно се дезинфицирани 6 основни училишта, а во текот на денешниот ден ќе завршат дезинфекционите активности во училиштата „Киро Глигоров” и „Гоце Делчев” и ќе се овозможи безбеден старт на учебната година на 1 октомври.
„Имаме адаптирани училници, локатори и скалести обележуважи за движење на учениците, табли со инструкции, безбедносни и хигиенски мерки, протокол за безбедна реализација на наставата, подготвеност на наставниот кадар, стручните и административните служби за безбедно одвивање на наставата со физичко присуство, техничка подготвеност на училиштата за реализација на онлајн настава за повисоките одделенија“, стои во објавата на градоначалникот на Центар.

Слични содржини