Богдановиќ: Во оваа ситуација, за жал ќе мора да се издаде одобрението за градба кај Холидеј Ин

242 прегледи

Во своето гостување во „Топ тема“, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ посочи дека доколку нема правни механизми и опции, одобрението за градба за проектот кај Холидеј Ин ќе мора да се издаде.

„Единствен начин да се спречи градењето е мораториумот, а Општина Центар по одлуката на Уставниот суд повеќе немам ингеренции. Ние како општина ќе ги бараме сите правни механизми. Ако се докаже нешто спорно евентуално, тогаш целосната постапка ќе мора да сопре. За жал, одлуката во ваква ситуација односно одобрението за градба, ќе биде легално“, истакна Богдановиќ.

Слични содржини