Богдановиќ за реконструкцијата на „Орце Николов”: Ги зголемивме пешачките и велосипедските патеки

од Берта Китинска
581 прегледи

Еден од капиталните проекти во Центар е реконструкцијата на „Орце Николов” и изградбата на нова модерна сообраќајница во Дебар Маало, вели градоначалникот во заминување Саша Богдановиќ.

-Овој проект е изведен по најсовремени стандарди за квалитет, со нови инфраструктурни решенија за безбедност во сообраќајот и воведување нови „смарт“ решенија за паркирање.

Во првите IV фази од реконструкцијата на Орце Николов:

Ги намаливме коловозните површини;

Ги зголемивме пешачките и велосипедските патеки;

Ги ослободивме јавните површини од нерезидентните паркирани возила;

Воведовме резидентен паркинг;

Поставивме нов систем за модернизација на јавното осветлување;

Тoj вели дека со изградбата на кружниот тек на најкритичната точка на улицата, го овооможила смирувањето на сообраќајот и намалување на сообраќајните незгоди во овој дел.

-Навистина сум горд што денес „Орце Николов” има модерен лик и претставува улица што ги стимулира пешачките токови и алтернативниот сообраќај, улица со ослободени јавни површини за слободно движење на граѓаните, улица со нови услови за лицата со инвалидитет и безбедна сообраќајница за сите учесници во сообраќајот, вели Богдановиќ.

Слични содржини