Богојески ќе собира потписи за референдум за нов граѓански Устав

од Nikola Popovski
221 прегледи

Лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески информира дека од 16-ти јануари започнува кампања за собирање потписи за референдумска иницијатива за донесување на нов граѓански Устав.

-Се надевам Собранието ќе ја одобри без партиски финти и интриги. Идејата не заслужува теснопартиски стил на настапување и да распишеме граѓански референдум. Напролет граѓаните да одлучат дали сакаме мирен и спокоен европски живот и влез во Европа без кавги и расправии. Со тој граѓански Устав да ги затвориме внатрешните етнички тензии во земјата и проблемите со сите соседи. Како што викаат „со еден куршум, 100 зајаци“. Мислам дека тоа ќе го подобрува и квалитетот на животот на реалниот човек, вели Богојески во емисијата „Студио 10“.

-Нашиот денешен Устав е резитив на советското време и користи терминологија наследена од тоа време. Имаш народи и народности, измешано е на каша. Сега викаме делови од народи, ама во рамки на Македонија. Нас ни е потребно држава на сите македонски граѓани. Со граѓанскиот Устав десеткратно ќе се заштити македонскиот народ и дополнително е шах-мат на бугарските негирање на македонската посебност и опстојување, додаде Богојески и потенцира дека „ова е современо решение и не се измислува топла вода“.

-Во исто време ќе добиеме демос кој е заедница на сите граѓани, но одиме на индивидуализам.

Слични содржини