491
Јас поминав цели 4 месеци со татко ми на Онкологија. Случајот во најмала рака е згрозувачки. Кој не бил, не знае што тоа значи, напиша на својот Фејсбук профил директорот на Царинската управа, Стефан Богоев во врска со скандалот на Клиниката за онкологија.
„Ако навистина се препродавале лекови и терапија за сметка на животите на тешко болни луѓе, тоа заслужува најстрога можна казна! Поддршка за МВР и ОЈО да го истераат случајот до крај! Без разлика на партиска, етничка или верска припадност на криминалците! За никогаш повеќе никој да не помисли, а камоли да го направи ова злодело“, наведе Богоев.