Богоев: Ако ВМРО-ДПМНЕ според анкети води двојно, зошто е оваа хистерија кон Ковачевски со лажни вести?

од Nikola Popovski
195 прегледи

Ако ВМРО-ДПМНЕ води двојно на анкети како што тврди, зошто е тогаш оваа хистерија и харанга кон Ковачевски со лажни вести и непостоечки афери, прашува потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев.

Тој се сомнева во точноста на анкетите на најголемата опозициска партија.

-Ако се нивните анкети точни, како тогаш изгубија двојно во Маврово – Ростуше и Центар Жупа. Грујовата матрица на фингирани анкети и лажни вести сеуште владее во ДПМНЕ. И после 5 години, во оваа партија ништо не се менува, стои во објавата на Богоев на социјалните мрежи.

Слични содржини