Богоев-Ангелов: Oлеснување на трговијата и подобрување на бизнис климата со Бугарија

од Nikola Popovski
245 прегледи

Директорот на Царинската управа, Стефан Богоев денеска имал средба со амбасадорот на Бугарија во Македонија, Ангел Ангелов и со трговското аташе, Красимир Драгнев, на која главен фокус била создавање на подобри услови за подобра трговска размена помеѓу двете земји.

Богоев информира дека ваквата соработка придонесува кон унапредување на економијата и можности за подобрување на условите за домашните компании кои увезуваат и извезуваат во Република Бугарија и Европската Унија.

-Царинската управа како партнер на македонското стопанството континуирано презема значителни чекори за унапредување на царинското работење и модернизација на граничните премини, а соработката со соседните земји е клучна за подобрување на конкурентноста на македонските компании на меѓународниот пазар, особено на пазарот на ЕУ, посочил Богоев за деталите од денешната средба.

Слични содржини