Богоев до Митева: Без камери и фотографии да помогнеме на едно семејство од Аеродром во тешка финансиска состојба

од Nikola Popovski
221 прегледи

Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев вели дека Собранието не е пазар и да се бира кои закони ќе се блокираат, а кои не.

-Не сум слушнал за штетни закони за граѓаните, сите се во нивен интерес. Многу е битно да бидеме искрени и да помагаме на граѓаните. Зборуваме за ситуацијата во Украина и ВМРО-ДПМНЕ го осудува тоа. Од друга страна во Скопје и уште 15 општини, мнозинството на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ им го обезбедува единствената партија Левица која што отворено ја поддржува руската агресија и ја вика воена операција. Тие се на линија на тезите со Москва. Не можете да делите од колачот со таа партија, смета Богоев.

Според него, на граѓаните им е доста од блокирање.

-Сакаат да не видат како решаваме проблеми на маса, а не упорно да бараме избори кои ја кочат државата четири месеци. Граѓаните сакаат конкретни резултатит. Јас предлагам да направиме еден пример и да покажеме како треба совесни политичари да делуваат. Има едно семејство од општина Аеродром со тешка финансиска состојба. Јас предлагам утре да отидеме заедно, нека дојде и градоначалникот Тимчо Муцунски, без камери и фотографии да помогнеме на семејството. Симболично да испратиме порака да помогнеме некому, предложи Богоев до портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Слични содржини