Богоев: Фокусиран сум на зголемување на платите на колегите од Царина

од Nikola Popovski
221 прегледи

Јас плата не сум ни примил. Тука сум две недели, ниту сум прашал колкава е платата, изјави денеска директорот на Царинската управа, Стефан Богоев, кој беше запрашан дали како директор ќе се откаже од покачувањето на платата за 78%.

Рече дека е фокусиран на реорганизација и подобрување на ефикасноста на Царинската управа.

-Кога сме кај плати, пред се сум фокусиран на зголемување на платите на колегите кои што ја работат работата. Ќе ве известам ако се откажам од покачувањето. Не знам ни која е платата, треба да ја видам, па да ви кажам, рече Богоев на граничниот премин Ќафасан, каде што имаше средба со неговиот колега од албанската Царина, Генти Кажели.

Неодамна Уставниот суд укина одредба од Законот за плати за коефициентите на плати со која се овозможи на јавно избраните функционери да им се зголемат платите за 78 отсто. Одредбата за коефициентите на плати донесена во 2012 година пред Уставниот суд беше оспорена од адвокат. Со неа покрај функционерите во Владата се опфатени и пратениците, градоначалниците, судиите и другите избрани и именувани функционери.

Слични содржини