Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев користеа лага за јазикот во медиумската пропаганда со цел да соберат луѓе на улица, изјави синоќа потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во емисијата „Клик плус“.
Тој посочи дека сето тоа пропаднало.
„Фон дер Лајен јасно и гласно потврди дека преговорите се започнати. Заблудата дека ќе се продаде јазикот, дека има предавство национално, се случува бугаризација, јазикот ќе биде дијалект на бугарскиот пропадна во вода, а тоа беше силата која мобилизираше луѓе на улица“, вели Богоев.
Во однос на барањето за предвремени избори од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Богоев посочи дека тоа служи само за внатрепартиска употреба на Мицкоски, додавајќки дека парламентарното мнозинство е стабилно, а дека граѓаните не бараат избори, туку сакаат поддршка во справување со кризата и напредок на патот кон ЕУ, две работи што не би биле возможно да се реализираат доколку државата е во предизборен период.