Богоев: Извештајот на ревизорот покажува дека кај Јакимовски има криминал буквално во секоја пора од работењето

од Aleksandar Todeski
258 прегледи

Знаејќи дека таксата за уредување на градежно земјиште (народски кажано комуналии) се меѓу главните извори на финансирање на сите единици на локална самоуправа, слободно можам да кажам дека Општината изгуби средства. Сепак, уште на самиот почеток покажавме дека ќе играме бескомпромисно. Се надоврзавме на граѓанските иницијативи пред Уставниот суд, и истите ги поткрепивме со конкретни докази, за пропустите при носењето на деталните урбанистички планови. Ако во опозиција сте биле гласни кога дел од плановите насилно се носеле за време на празници и Нова година, граѓаните очекуваат да преземете акција кога ја имате моќтаза делување, вели градоначалникот на општина Карпош, Сефан Богоев во интервју за Ипортал.

Тој додава дека ако се погледне Извештајот од Државниот завод за ревизија ќе погледнете дека криминал има буквално во секоја пора од работењето.

Ипортал: Кои се последиците од укинатите детални урбанистички планови од Уставниот суд?

Богоев: Знаејќи дека таксата за уредување на градежно земјиште (народски кажано комуналии) се меѓу главните извори на финансирање на сите единици на локална самоуправа, слободно можам да кажам дека Општината изгуби средства. Сепак, уште на самиот почеток покажавме дека ќе играме бескомпромисно. Се надоврзавме на граѓанските иницијативи пред Уставниот суд, и истите ги поткрепивме со конкретни докази, за пропустите при носењето на деталните урбанистички планови. Ако во опозиција сте биле гласни кога дел од плановите насилно се носеле за време на празници и Нова година, граѓаните очекуваат да преземете акција кога ја имате моќтаза делување. Тоа и го направивме. Сите оспорени планови ги поткрепивме со докази. Тоа не направи да бидеме и поодговорни при креирањето на новите детални урбанистички планови. Денеска, ДУП-те во Карпош навистина се креираат заедно со граѓаните. На јавните презентации учествуваат по стотици граѓани, чии забелешки се земаат предвид. Таков е последниот случај, со ДУП – от за Трнодол.

Затоа, со укинувањето на ДУП-овите изгубивме нови приходи, но почнавме да ја враќаме довербата на граѓаните во локалната самоуправа, да покажуваме дека можеме да имаме заеднички интереси и конструктивна соработка. И тоа нема цена.

Целото интервју прочитајте го на Ипортал.

Слични содржини