Богоев ја наследи Кутиров на директорското место во Царина

од Nikola Popovski
269 прегледи

Денеска во Царинската управа беше извршено примопредавање на функцијата директор на Царинската управа, каде новоназначениот директор Стефан Богоев официјално ја презема должноста од неговата претходничка Славица Кутиров.

За време на средбата, Кутиров го информираше Богоев за делокругот на работа како и за тековните и планираните проекти и активности на Царинската управа, а истовремено му посака успех во продолжување на мисијата за заштита на финансиските интереси на државата и општеството, поддржувајќи го економскиот развој преку олеснување на трговијата, меѓународната соработка и понатамошна модернизација на Царината.

Истакнувајќи дека веќе е запознаен со предизвиците, тековните и планираните проекти на Царинската управа, новоименуваниот прв човек на Царината ја потврди својата заложба за реализирањето на стратешките цели во оваа област, особено постигнувањето на понатамошни успеси со цел да бидеме водечка Царинска управа во регионот која ќе дава силна поддршка на локалната економија и ќе биде усогласена со стандардите на Европската Унија.

Слични содржини