Богоев: Каква е поврзаноста на Алабаковски фамилијарно со разузнувачки структури блиски до ВМРО-ДПМНЕ?

од Nikola Popovski
407 прегледи

Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев вечерва побара од медиумите да истражат и проверат која и чија е агенцијата за обезбедување која е најмена да го обезбедува клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола.

-Дали сопственичката структура е поврзана со поранешни и сегашни активности на ВМРО-ДПМНЕ. Зошто во тоа време се тргнал обезбедувачот? Каква е поврзаноста на Алабаковски фамилијарно со разузнавачки структури блиски на ВМРО-ДПМНЕ? Исто така проверете два дена пред пожарот, кој поранешен министер од безбедносните структури, припадник на ВМРО-ДПМНЕ, со кој тим се сретнал во Прилеп, соседен град на Битола и дали има никаква поврзаност тоа со агенцијата за обезбедување која што магично исчезнува во моментот кога магично невиниот Ламбе Алабаковски се решава да го запали центарот. Од друга страна, ова реков да го проверите, не констатирам ништо“, рече Богоев во емисијата „24 анализа“.

Тој истакна дека ги знае одговорите.

Слични содржини