433
Карпош не е општина која е раководена од урбаната мафија туку од градоначалник и советници кои се избрани од граѓаните на непосредни избори, пишува градоначалникот на општина Крпош, Стефан Богоев по обвинувањата од страна на политичката партија „Левица“ за незаконско делување.
-Карпош повеќе не е општина во која инвеститори „влегуваат како каубојци“ и нарачуваат ДУП – ови по свој терк. И мислам дека оваа порака ја испратив недвосмислено уште на почетокот на мандатот, но ја испраќам и сега, во последната година од истиот, пишува Богоев.