Богоев: Ќе се консултираме со сите национални и меѓународни институции во истрагата за запленетите обврзници од 92 милиони долари

од Stefanija Kuzmanovska
496 прегледи

Секторот за контрола и истраги при Царинската управа започна со истражни дејствија, извршени се службени разговори, прибирање на дополнително докази, како и известување и консултации со национални и меѓународни институции, вклучително и Интерпол, рече директорот на Царинската управа, Стефан Богоев, откако кај патник од доаѓал од Истанбул му биле пронајдени обврзници во вкупна вредност од 92 милиони долари.

Патникот, кој бил турски државјанин, во себе имал 184 обврзници со поединечна номинална вредност од 500 илјади долари, а летал со редовна линија од Истанбул.

„Согласно одредбите од Законот за царинска управа и Законот за прекршоци, Царинската управа поднесе соодветна пријава до надлежниот суд. Следствено на тоа, по завршената судска постпака, Основниот суд Скопје донесе пресуда со која се одземени обврзниците, а на лицето му е изречена парична казна. Обврзниците се одземени и ќе бидат предадени на Агенцијата за управување со одземен имот“, наведе Богоев.

Директорот на Царинската управа додаде дека истрагата продолжува со отворање на финансиска истрага со сите релевантни тела и институции на национално и меѓународно ниво со цел целосно расветлување на случајот.

„На овој случај пристапуваме со особено внинмание и посветеност земајќи го предвид посточекитот тренд на злоупотреба на обврзниците како инструмент за перење пари“, додаде Богоев.

Слични содржини