Богоев: Левица е „резервна гума“на Мерцедесот од Будимпешта

од Берта Китинска
988 прегледи

„Левица во изминатите години одработи комплетно во интерес на ВМРО-ДПМНЕ, нешто коешто излезе на виделина на овие Локални избори“, напиша на Фејсбук поранешниот градоначалник на Карпош, Стефан Богоев.

„Проектот кој доби зародиш уште во време на Режимот, овие денови целосно се саморазоткри. Левица имаше неколку улоги. Прво, сите Вие кои на изборите би останале дома, разочарани од големите партии, да ве убеди дека е трета, различна опција. Второ, да ги кажува јавно работите кои Мицкоски се плаши да ги каже, а се против Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за добрососедство со Бугарија. Трето, по добивање на гласовите на “жедните” за трета опција, да ги втурне вашите гласови во поддршка на ВМРО – ДПМНЕ. Четврто, помеѓу двата круга на Локалните избори да формира мнозинство во општините кадешто се води битка во вториот круг со ВМРО – ДПМНЕ и на тој начин да помогне кандидатите од ВМРО – ДПМНЕ да победат. Петто, да биде дел од мнозинство со “радикалните исламисти” и “капиталистичко – империјалистички партии” , со цел да помогне на ВМРО – ДПМНЕ да дојде на власт“, напиша Богоев.

„Левица погази комплетно се што зборуваше изминатите години. Левица Ве излажа дека е трета опција, а всушност е прва опција (резервна гума) на Мерцедесот од Будимпешта кој повторно од сенка сака да завладее со нашите животи. Американците велат: Fool me once, shame on you ; fool me twice, shame on me! На потешкиот начин, но сепак, гласачите на Левица овој пат ќе ја научат лекцијата.

П.С.
Со резервна гума се вози најмногу до 80 километри на час брзина. Ако се залеташ на автопатот кон Желино малку побрзо, резервната гума може да ти претставува сериозен проблем“, напиша Богоев.

Слични содржини