Претседателот на СДММ, Стефан Богоев, откако Владимир Нелоски, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ја одби поканата за ТВ соочување на тема млади, нивни проблеми и решавање, на Фејбук напиша:

„Владимир Нелоски избега од ТВ дуел со мене!
Повторно преплашен и без аргументи, наместо да зборува за проблемите на младите и решенијата за истите, одлучи да се служи со лаги и манипулации и да оди по кукавичките стапки на неговиот обвинет претседател Груевски.
Јас и младите жалиме што се пропушти оваа шанса.
Младите заслужуваат вистински претставници, а не кукавици и Бекутан-плачковци!“, напиша Богоев.