Стевчо Јакимовски ja превзема функцијата на градоначалникот на општината Карпош. Стефан Богоев на Јакимовски му порача да води сметка за планската урбанизација и зеленилото во Карпош.
-Се надевам дека при работењето:урбанизацијата ќе продолжи да биде планска и хумана и ќе се води сметка за заштита на јавниот простор;општината ќе продолжи со домаќинското работење, а не со создавање на нови долгови;заштитата на животната средина, зголемувањето на зеленилото и јавната хигиена ќе останат приоритети;ќе се продолжат проектите за обнова на „Партизан“ и изведба на паркот спроти Карпош 4;општината ќе продолжи со проактивната транспарентност и двонасочната комуникација со граѓаните и граѓанските организации;ДУП-овите нема да бидат креирани и носени во тензична атмосфера туку со вклученост на сите засегнати страни;ревизорските извештаи нема да констатираат криминално работење и неодговорно трошење на парите на граѓаните.Уште еднаш, Ви се заблагодарувам на сите за поддршката и довербата во изминативе 4 години. Карпош, среќно!, напиша на својот Фејабук профил Богоев.