Богоев на средба со цариниците: Ги почитувам правата на вработените, наскоро разговор со Бесими и Лукаревска

од Nikola Popovski
223 прегледи

Директорот на Царинската управа Стефан Богоев, денеска одржал работна средба со претставници на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) и Независниот синдикат на Царинската управа. Ова е негова прва официјална работна средба по преземањето на должноста прв човек на Царината.

На средбата бил запознаен со барањата на синдикатите, кои првенствено се однесуваат на обезбедување на додаток на платите на вработените, согласно Законот за Царинска управа и Колективниот договор.

Богоев истакнал дека ги почитува правата на вработените, кои се регулирани со соодветни закони или колективни договори.

-Ги извести дека е закажана и ќе се одржи средба со Министерот за финансии, каде тој ќе го истакне и ова прашање. Дополнително, Богоев информираше дека е планирана консултативна средба и со директорката на Управата за јавни приходи, како и интерни средби со раководителите во Царинската управа за подетално запознавање со можностите за изнаоѓање на решение за поставените барања, и најави дека по одржаните средби ќе продолжи соработката со синдикатите, велат од Царината.

Истакнато било дека неодамна е потпишан нов Колективен договор на Царинската управа во координација со двата синдикати, со кој на вработените им се овозможи усогласување со минималната плата, надоместок за домашно дежурство, платено осигурување, зголемување на бројот на денови за годишен одмор и други поволности.

Слични содржини