Богоев објави како да пријавите нерегуларности на граничните премини

од Nikola Popovski
214 прегледи

Директорот на Царинската управа, Стефан Богоев попладнево објави начини на кои можете да пријавите нерегуларности на граничните премини во државава.

Како што појаснува Богоев, пријавите можат да бидат направени преку отворена царинска телефонска линија на бројот 197.

Преку бројот граѓаните можат да пријават секакви нерегуларности на граничните премини. Ваквите повици се анонимни и ги прима оператор или инспектор во Дежурниот царински центар.

Може да се поднесе и онлајн пријава.

-Пријави незаконско, непрофесионално или коруптивно постапување на царински службеници со пополнување на онлајн образец за пријавување на корупција на веб-страната на Царинска управа или на мејл адресата [email protected], информира Богоев.

Слични содржини