Богоев: Паркетот во „Белата палата“ е ист како паркетот во премиерскиот кабинет

од Nikola Popovski
257 прегледи

Судот одлучи за конфискација на имотот на ВМРО-ДПМНЕ. Втора работа е што со оваа пресуда се расчистија дилеми кои лебдеа години наназад. Странски медиуми и организации истражија дека ВМРО-ДПМНЕ е најбогата партија во Европа. Тоа не го кажа СДСМ. Во тоа време граѓаните се чудеа како од една мала жолта симпатична куќа, се доаѓа до голема палата, вели потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев, откако Основниот суд Скопје 1 донесе одлука за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ.

Богоев појаснува дека во ВМРО-ДПМНЕ, ја викаат „палата Христо Татарчев“.

-Де факто и тие ја викаат палата.  Според информации од лица што биле таму, паркетот во палатата е идентичен со паркетот во премиерскиот кабинет. Таа палата некој своевремено ја правел да му личи како дома, односно како во влада. Може да има премиерски паркет, но нека собере регуларна членарина и со легални пари, рече поранешниот градоначалник на Карпош во емисијата „24 анализа“.

Слични содржини