216
Во посета сум на училиштето „Јан Амос Коменски”.Свесни сме за паниката која се шири по основните училишта и градинки, изјави денеска градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев.
Набавуваме дополнителни средства за хигиена по градинките и основните училишта, а покрај направената редовна дезинфекција (спроведена на крај на февруари), следува и вонредна дезинфекција на воспитно – образовните установи.Повикувам на смиреност.Дополнителни мерки, согласно надлежностите, ќе објават ресорните министерства, вели Богоев.