Богоев: Со предвремени избори државата шест месеци ќе биде блокирана во време на криза

од Nikola Popovski
234 прегледи

„Доколку се распишат предвремени избори започнуваат да течат рокови за техничка влада, рокови од Изборен законик кои забрануваат на институциите да прават одредени измени или да преземаат одредени чекори. Предвремени парламентарни избори значат пет-шесет месеци блокада на државата во многу сфери“ рече потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека не го разбира предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да се квлучат тимови од опозициската партија за помош во четири клучни сфери, паралелно со ултимативно барање за предвремени избори, бидејќи сите се свесни дека распишувањето избори ќе значи и застанување на државниот апарат.

„ВМРО-ДПМНЕ ќе даде предлози, но да има избори. На тој начин и да се добри предлозите, како ќе се рализираат кога пет месеци ќе се занимаваме со избори што чинат пет до шест милиони евра?“ запраша Богоев.

Тој додаде дека помпезно се креира политичка криза во земјава за внатрепартиски интереси, бидејќи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не може да воспостави контрола врз градоначалниците и дека брзо го троши кредитот на граѓаните.

Слични содржини