Богоев ветува ревидирање на Урбанистички планови во Карпош

од desk2
104 прегледи

Претседателот на Социјалдемократската младина на Македонија, односно подмладокот на владејачката СДСМ, денеска вети дека ќе се ревидираат сите урбанистички планови во општина Карпош. Тој не кажа дека ќе се прави ревизија на досегашните.

– Вчера со граѓаните на Карпош 3 и Карпош 4 се договоривме веднаш по преземањето на локалната власт во Општина Карпош, целосно и темелно да го ревидираме носењето на детални урбанистички планови за овие делови на општината. На граѓаните на Карпош им е доста од ставањето на личните и бизнис интереси на Стевчо Јакимовски и ВМРО ДПМНЕ, пред интересите на граѓаните – рече Богоев.

Кандидатот на владејачката партија за нво градоначалник на Карпош вети дека „сите измени во иднина на урбанистичките планови ќе се прават во договор со граѓаните и ќе се прават на чесен, транспарентен и отчетен начин со цел заштита на зеленилото, чистиот воздух во општината и обезбедување на чист, модерен и зелен Карпош“, рече Богоев.