Богоев: ВМРО-ДПМНЕ ширеше паника дека комшии ќе ни бидат Талибанци и криминалци – партијата е докажан извор на лажни вести

од Nikola Popovski
223 прегледи

Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев ја искритикува ВМРО-ДПМНЕ, за како што вели, ширењето лаги и паника во врска со згрижувањето авганистански семејства во Македонија.

-Како велеа дека комшии ќе ви бидат талибанци и криминалци?! Како ќе се сменела етничката и верска структура на Македонија!?Дека јас во Бардовци правам камп за авганистанци!? ВМРО – ДПМНЕ е традиционален и докажан извор на лажни вести за свои политички потреби, напиша Богоев на Фејсбук.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска сподели дека последното осумчлено авганистанско семејство Ахмадзаи претходно ангажирано од НАТО ја напушти Северна Македонија, со што успешно е завршена мисијата за обезбедување привремено сместување на Авганистанците кои во земјава беа преземени од базата „Бехтел“ во Косово.

– За време на нивниот престој во Северна Македонија, им беше обезбедена континуирана помош и поддршка, како резултат на ефикасната и широка меѓуинституционална соработка, и со голем ангажман од Црвен крст, за што во оваа прилика упатувам благодарност до сите инволвирани во успешната реализација на целокупниот процес. Со обезбеденото привремено прибежиште на вкупно 68 Авганистанци, уште еднаш се докажавме како кредибилен НАТО партнер и придонесовме да се ослободат силите на Алијансата ангажирани во базата „Бехтел” во Косово и истите да делуваат во полн капацитет на Источното крило, а во контекст на заканите кои доаѓаат по земјите членки во тој дел, како последица на руската инвазија врз Украина, наведува во објавата шефот на дипломатијата.

Слични содржини