Од утре, започнуваме со теренска кампања за информирање на граѓаните, за почитување на мерките за заштита од Ковид – 19, напиша градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев на својот Фејсбук профил.

Претставници од општината, ќе патролираат по маалските паркови, платоа, плоштади и детски игралишта и ќе делат информативни флаери.
-При рекреацијата во овие зони, носете маска, држете дистанца и вршете почеста дезинфекција.
Здравјето пред сѐ- стои во објавата на градоначалникот Богоев.
https://www.facebook.com/bogoevstefan/posts/3128241623960747