Богоевски до Стефанова: Покрај условната казна, да не треба да им се извиниме на обвинетите во „Титаник“?

од Nikola Popovski
283 прегледи

Условна казна во случајов не е ниту спогодување, нит соработка со правдата. Ова е проштевање, смета поранешниот пратеник и граѓански активист, Павле Богоевски коментирајќи го барањето на обвинителката Лиле Стефанова за условни казни за шестмина од обвинетите во случајот „Титаник“.

Богоевски дополнително прашува: „Госпоѓо Стефанова, да не треба да им се извиниме ние?“

Според него, „овој случај требаше да докаже дека вмро и официјално е злосторничко здружение и дека со Македонија 10 години владеела една класична мафија управувана од храбро побегнатиот Груевски“.

Обвинителката пред судијата Осман Шабани посочи дека Гордана Јанкулоска, Мартин Протоѓер, Миле Јанакиески, Мунир Пепиќ требa да добијат условни казни, бидејќи имаат низа олеснителни околности. Само за обвинетиот Миле Јанакиески и Коста Митровски беше побарано ублажување, но не и условување на казната.

Слични содржини