Богоевски: Инвазијата на Украина не е иста со бомбардирањето на Југославија

од Nikola Popovski
254 прегледи

Нема ништо специјално во ова. Ова е територијална инвазија. Не се согласувам дека е борба на интереси, туку борба на вредности. Ова е авторитарен режим на Путин. Работите се комплицирани, едните велат едно, другите друго, но мораме да пресудиме самите кој е во право. Оправдувањата на Русија дека ова е исто со бомбардињето на Југославија воопшто немаат основа и не држат вода. Единствена работа по која оваа агресија е слична е дека немаат резолуција од ОН со кој што би биле одобрени, вели поранешниот пратеник и граѓански активист Павле Богоевски во емисијата „Само вистина“.

Според него, геноцидот е свесното уништување на одредени нации на одредена територија.

-Тежината е различна. Не е убаво да се радуваме, но имаме ситуации кои мораме да ги прифатиме. Во случајов Русија не е во право, наводно бранејќи области.

Според него, ние сме на вистинската страна во овој конфликт.

-Ние сме членка на НАТО и бираме да го направиме тоа, тоа е факт. Да се биде на вистинската страна на историјата. Тоа е исправниот чекор во судирот на вредности, додава Богоевски.

Слични содржини