Богоевски: Левица ја поддржа Русија, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште без став

од Nikola Popovski
226 прегледи

Поранешниот пратеник и граѓански активист Павле Богоевски вели дека за разлика од Левица, најголемата опозициска партија нема став во однос на руско-украинскиот конфликт.

-Левица ја поддржа Русија, а ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат рекации. Ова е многу изненадувачки, имајќи во предвид дека човекот вели дека е претставник на најбројната партија во Македонија и дека има по три ставови за секое минијатурно прашање во државата. Сепак, за жал нема став за вакво големо и значајно прашање за регионот и светот, рече Богоевски во емисијата „Утрински брифинг“.

Богоевски додаде дека санкциите и одлуките на Западот со кои ќе врати на Русија, зависат од поддршката што Западот ќе ја има во своите држави.

Слични содржини