Богоевски: Мал опис од краткото кметување на Данела со Скопје

од Берта Китинска
352 прегледи

Поранешниот пратеник на СДСМ, Павле Богоевски, на Фејсбук се осврна на првата недела на Данела Арсовска како градоначалничка на Скопје.

-Мал опис од краткото кметување на Данела со Скопје – за само седум дена:

  1. Имаше став „јас не сум од тука“ за насилството на вмровскиот шериф врз работниците на Галијата кој се руши. Во одговор на новинарско прашање „го осуди целото насилство, па и ова“, но Град Скопје немаше никаква официјална реакција;
  2. Најави прекинување на проектот за БРТ систем и онака, „менаџерски“ одби пари кои Европската банка за обнова и развој ги издвои за Скопје, а со тоа и го загрози целиот Акциски план за Зелен град кој е поддржан од ЕБОР и кој се развиваше и имплементираше 4 години;
  3. Стана првата Градоначалничка во историјата на Скопје која не се појави на доделувањето на наградите „13ти Ноември“, поради исклучиво партиски причини;
  4. Фамозниот проект за „бесплатен јавен превоз“ е сведен на „селење на Марс“ и на една предизборна сликичка со прескап кинески електричен автобус и порака „Избери 250 нови еколошки автобуси“.

Ама добро па, овој „Арогантниот“ новите велосипедски патеки низ целиот град ги направи само 80, а не 110см, како што е стандардот во Данска – така што, изедначена е работава, напиша Богоевски.

Слични содржини