Богоевски: Не може луѓе кои организирано и насилно влегуваат во Собрание да се наречат „уставобранители“

од Берта Китинска
267 прегледи

По вчерашниот протест за ослободување на осудените за „27 април“ се поставува прашањето дали можат тие луѓе кои денеска одговараат за своите постапки на 27 април да бидат наречени бранители на Уставот. Одговорот е не. Не може луѓе кои организирано, насилно, предвреме подготвено и испланирано влегуваат во зградата каде е напишан тој Устав и ги напаѓаат, се обидуваат да ги убијат токму луѓето кои што Уставот ги овластил да ја вршат својата работа таму, плус, новинари, медуиумски работници и останат персонал да се наречат уставобранители, изјави во Утрински брифинг граѓанскиот активист и поранешен пратеник, Павле Богоевски.

Тој рече дека не може не се каже дека човек кој што свесно влегува со таква намера во тој објект е бранител на Уставот.
-Дали тие луѓе се терористи? Се што треба да знаеме е да ја погледнеме дефиницијата на Кривичното дело – тероризам. Првиот елемент е самата намера на дејството – намерата е загрозување на Уставниот поредок на државата. Целта на влезот во Собранието е да се спречи мирната транзиција на власта. Второ – се нарушува безбедноста, вели Богоевски.

 

Слични содржини